Вести Економија

Од утре поголемо ДДВ на сметките за струја – блок-тарифите ќе спречат раст на цените, тврди министерот Бесими

ДДВ-то на сметките за струја од утре се зголемува на 18 отсто и нема отстапка од тоа. Владата е одлучна, вели министерот за финансии, Бесими.

Нема да има ниту законски интервенции, затоа што нема потреба за такво нешто, тврди првиот финансиер.

Пресметките се во тек и допрва ќе се знае што ќе значат блок-тарифите во вкупната математика.

„Со блок-тарифите се таргетира поддршката за електрична енергија, за домаќинствата со пониски примања за коишто има и програма во Министерството за економија. И во однос на блок-тарифите се постигнува тие што трошат помалку, да добивааат пониска цена. Всушност, ако се гледа нето-ефектот, нема да биде ДДВ од 10 на 18% туку во разни групи ќе биде пониска цената. Па дури, може и да нема раст на цената воопшто“ изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.

Од друга страна пак, регулаторот Бислимовски беше дециден дека со враќање на ДДВ-то, пониски сметки за струја ќе има само во првиот тарифен блок, додека во останатите ќе бидат со покачување на цените од 2,3 до 9,9 отсто во зависност од тарифниот блок, а севкупно цената на струја би поскапела за околу 2,5 отсто поради влијанието на ДДВ-то за струја.

АД ЕСМ денес потпиша договор со ЕБОР за инвестициски грант за фотонапонска електрана Осломеј I. Во услови кога јавноста бара одговори за стратегијата на надлежните и се трага по начини за помал трошок за јаглен, новиот директор на ЕСМ тврди дека тоа не е возможно во целост.

Васко Стефанов вели дека се инвестира во централи за обновливи извори на енергија, но тоа не е доволно за целосно да се замени јагленот.

„Во техничкиот дел, во делот каде што се вели дека немаме доволно извори на енергија, денешниот ден тоа го демантира. Одиме во насока на инсталирање на обновливи извори на енергија, со цел што побрзо да преминеме во зелена транзиција. Во овој момент тоа не е доволно (за целосно да се замени јагленот) меѓутоа се надевам дека во наредните години ќе го забрзаме процесот“ смета Васко Стефанов, директор на АД ЕСМ.

Директорот на ЕСМ се осврна и на проблемот со мостот „Беласица“ и топловодот којшто треба да се отстрани.

Уверува дека до почетокот на новата грејна сезона ќе се реши проблемот. Следната недела ќе се дислоцира топловодот, а потоа ќе се санира мостот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе