Вести Свет Топ вести

Рама со порака до Курти на Твитер: Албине, излези од самоизолација, немој да го изгубиш северот

Албанскиот премиер Еди Рама денеска порача дека, доколку Србија не ги ослободи тројцата неодамна уапсени косовски полицајци, тоа би можело да доведе до формирање на „република КФОР“ на северот на Косово.

Рама на Твитер напиша дека, во случај да не дојде до смирување на ситуацијата, голем губитник ќе биде Приштина.

„Се плашам дека колку повеќе Курти инсистира да биде сам против сојузниците, ситуацијата ќе се влошува, враќајќи го КФОР на чело. А, потоа збогум на периодот од кој знае каква формална контрола на државата над целата територија и тогаш ќе уживаме во „република КФОР“ на северот на Косово. Албине, излези од самоизолација, немој да го загубиш северот, така што насекаде гледаш непријатели и предавници. Времето брзо минува“, додаде Рама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе