Вести Свет

Обилните дождови се проблем и во Солун – поплавени неколку патишта

Обилните дождови предизвикаа проблеми и во Солун, во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики. Дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија.

Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на вода, отстранување на дрвја и за транспорт на луѓе на безбедно. Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што е блокиран сообраќајот. Во исто време, градоначалникот на Касторија побара прогласување вонредна состојба..

Национална метеоролошка служба предупреди дека се очекува дождот и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, вклучително и островите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оман: Откажани нуклеарните преговори меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Убиена поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота

Дејан Дејан

Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе во Дубаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе