Вести Свет Топ вести

Курти изненаден од молкот на меѓународната заедница – тврди дека му гарантирале дека Српска листа ќе учествува на изборите, но тоа не се случило

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е изненаден од толеранцијата и молкот на меѓународната заедница во однос на „акциите“ на Србија, еден ден откако српската полиција приведе тројца припадници на специјалната единица на косовската полиција.

За време на прес-конференцијата, по седницата на Советот за безбедност на Косово, Курти ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград

„Ја повикуваме меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград и да повика на ослободување на полицајците… Она што не изненадува е толеранцијата и молкот на меѓународната заедница кон дејствија на Србија, која постојано бара дестабилизација“, рече Курти.

Тој додаде дека е изненаден што КФОР не излезе со официјално соопштение за местото каде се случи инцидентот и претстави мапа за која тврди дека апсењето на косовските полицајци „се случило длабоко на територијата на Косово“.

Коментирајќи го разгорувањето на кризата на северот, Курти вели дека меѓународните помагачи во дијалогот на 17-ти март му гарантирале дека доколку има договор за анекс за спроведување на договорот, Српската листа ќе учествува на изборите.

„Еден ден пред да одиме во Охрид по тој анекс за спроведување, меѓународните фактори ни ветија: доколку се направи анекс за спроведување во Охрид, ви гарантираме дека Српската листа ќе учествува на изборите“, рече Курти.

„Бев подготвен Српската листа да учествува на избори и покрај тоа што политичарите од Српската листа зборуваа против мене и ѝ го направија тоа на нашата Република. Бев подготвен“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе во Дубаи

Дејан Дејан

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Дејан Дејан

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе