Вести Македонија

Владата нема да е одговорна ако не се изласаат уставните измени – Се знае кој е крив, вели Маричиќ

Владата нема да биде одговорна ако не се изгласаат уставните амандмани, смета вицепремиерот Маричиќ во интервју во Топ Тема. Иако, помина една година од прифаќањето на француската рамка за почеток на преговорите и проширувањето на ЕУ, и дури сега се почнува дијалог за процес за кој знаат дека е потребна опозицијата, Маричиќ вели дека се знае кој е крив.

  • Со мирна совест можеме да кажеме дека сме сториле се за Северна Македонија да продолжи на патот кон европските интеграции и да го оствариме сонот за европска Македонија. Тие што ќе гласаат против и ќе решат да си наметнат вето, овојпта самите на себе, тие ќе треба да дадат одговор на граѓаните зошто треба да чекаме уште 10 години, а во меѓувреме, Албанија, Србија, Украина, Црна Гора и Молдавија да продолжат напред и да станат членки на ЕУ, вели Маричиќ.

Неговиот впечаток е кога и да се стават уставните измени на маса, првото гласање ќе биде успешно.

За Маричиќ не е важно кој е министер за што во овој момент, затоа што според него не смее да се пропушти оваа можност. Владата без ДУИ, како што се предлага, би имала агенда да ги спроведе уставните измени, да ги продолжи чекорите на успешно комплетирање на скринингот, и потоа да ги организира изборите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

ЗНАМ најавува соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претсојните локални избори

Дејан Дејан

Дробњак: 2030 е годината на новото проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе