Вести Македонија Најважни

Телото на Мемет Камбер е предадено на најблиските, тој денеска ќе биде погребан

Телма дознава дека телото на Мемет Камбер е предадено на најблиските, а погребот ќе биде извршен денеска во 14 часот.

Во меѓувреме, во тек е истрага во Јавното обвинителство, а за сите кривични дела за коишто постои сомнеж дека се сторени ќе има одговорности, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако ДНК-анализите открија кои се вистинските родители на 19-годишниот Мемет Камбер кој почина без лична карта и лекарска книшка, целосно отфрлен од системот.

Телма вчера информираше дека ДНК-анализата е завршена, резултатите се ставени на хартија и веќе се испратени во институциите. Идентификациската мистерија е разоткриена – кој е и што е, во случајот со Мемет Камбер.

Три недели поминаа од смртта на деветнаесетгодишното момче. Бирократијата и административните процедури сѐ уште не дозволуваат да почива во мир Камбер. Тој за системот бил анонимус и додека беше жив.

Имал извод, имал државјанство, но не и лична карта. Мајката на Мемет чиешто име е наведено во изводот, всушност не е неговата вистинска мајка, туку е негова тетка.

ДНК-анализата ги откри родителите на Мемет Камбер – се чека на реакција од институциите и постхумно да се исправи системската неправда

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе