Вести Македонија Најважни

Царина излегува на предупредувачки протест, ќе се затвораат граници

По УЈП, во петок и вработените од Царинската управа излегуваат на протест. Овој пат тој ќе биде предупредувачки, а ако не добијат повисоки плати, најавуваат радикализирање на протестите со затворање на неколку гранични премини. Од УПОЗ велат дека во оваа институција платите со години не пораснале, а правото на додаток од 30 проценти кој е впишан и во колективниод  договор,  никогаш не бил исплатен. 

„Веќе трепението во Царинската управа дојде до крај. Бараме исплата на тој додаток. Иако, имаме промена на директорскот место, нема да отстапиме ова е само почеток, револтот е голем. И треба да се знае дека токму оваа иснитуција го полни буџетот“, вели претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски.

Министерот Бесими, пак, и натаму на истиот став – системско, а не поединечно решение дефинирано заедно со синдикатите е единствено одржливо решение кое ќе обезбеди раст на платите. 

„Беше дискутирано дали минимална или просечна плата и тоа ќе се реши и ќе важи за сите во јавниот сектор и треба да сме свесни дека треба да има одреден период да се внесе тоа во буџетот“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими. 

Вработените од УЈП, пак, вчера пред министерството за финансии излегоа на предупредувачки протест. Денеска преку соопштение повторно го повикаа министерот Бесими, да ги исполни нивните барања- повисоки плати и потпис на новиот колективен договор, за да не влезат во генерален штрајк. Револтот на  работниците од двете институции кои се под капата на финансии, доаѓа откако Бесими исплати за околу 30 отсто повисоки плати само во неговите редови.

Во преговорите од  финансии со новата методлогија нудат просечната плата да биде основица за пресметка на платите, но дури од 2028 година. За синдикатите ова е неприфатливо.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе