ВМРО-ДПМНЕ формирањето на работни групи со СДСМ за спроведување на уставните измени, ги оцени како бесцелни, се додека владеачката партија не се произнесе кој од двата услови кои опозициската партија и ги доставила е прифатлив за неа.
За работните групи кои што СДСМ ги формира да имаат смисла, партијата мора да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и губење на време, изјави Антонио Милошоски, пратеник од член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е одговорот кој денеска стигна од Белета палата на синоќешната одлука на Централниот и Извршниот добор на СДСМ за формирање на работна група која би требало да ги продолжи разговорите со опозицијата за спроведување на уставните измени.
Сакаме да потенцираме дека сите спинови околу уставните измени и нивно прифаќање под бугарски диктат се невистинити. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека вакви уставни измени, диктирани од официјална Софија како уцена, се неприфатливи. Доколку СДСМ прифати да се сменат околностите и тие да важат од денот на зачленувањето во ЕУ, тогаш може да се разговара на оваа тема, под услов ДУИ да се детронизра комплетно од власта, изјави Милошоски.
Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, денеска и порача на ВМРО-ДПМНЕ да размисли уште малку и доколку нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски се повлекува од тоа што го изјавил во клубот на пратениците, дека се обврзал да учествува во процесот на потребните одлуки за европската интеграција на државната, поточно уставни измени, да го каже тоа на официјална средба, а не до митинзи и слични настани.
Јас сметам дека треба да размислат уште малку. Знаете, им дојде шок на ВМРО-ДПМНЕ, јас верувам. Знаете, после една година скоро, кога првите протести, кога велите дека сте браникот, кога велите дека никогаш нема да прифатите усавни промени и одеднаш кога на прес-конференција вашиот лидер ќе каже ’да’ и таа снимка ја имате сите, ја видо сите граѓани, дека уставни измени се прифатливи, сметам дека тие треба да останат во процесот. Работните групи мислам дека се вистинскиот формат на кој што треба да се продолжи за договарање на сите детали, изјави Ковачевски.
Ковачевски денеска не ја отфрли можноста за нова една лидерска средба.
Ковачевски на прашањето дали е можно да има уште една лидерска средба, кратко одговори: „Ќе видиме“.
Ковачевски е на став дека на лидерската средба јасно било кажано од двете страни кои се преземените обврски, како и ставот на ДУИ за повлекување од Владата за завршување на процесот на Уставни измени, за што вели дека тоа предвидува посветеност за тој процес да се заврши.
Тамара Грнчароска