Вести Свет Топ вести

(видео)Околу 500 деца загинале од почетокот на руската инвазија на Украина – Жестоки борби на руска територија во близина на украинската граница

Жестоките борби на руска територија непосредно во близина на украинската граница продолжуваат, а Русија возвраќа со голем број воздушни напади.

Цел на напади на групата која себе си се нарекува војска за ослободување на Русија во неколку наврати до сега е Белгородската област.

Според гувернерот на оваа област најжестоки борби се водат во селото „Нова Таволанка“.

Поради жестокост на борбите тој вчера нареди евакуација на жителите од бомбардираниот регион.

Нападите на проукраинските сили следуваат како одговор на жестоките бомбардирања на централна Украина во кои убиени или ранети се голем број цивили.

Деновиве се засилија руските воздушни напади врз Украина, во очекување на долго најавуваната контраофанзива на украинските сили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најмалку за 485 деца е познато дека загинале од руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

 

Ова е бројката што можеме официјално да ја потврдиме, знаејќи ги податоците за секое дете, рече Зеленски во своето видео обраќање. Но додаде дека за жал најверојатно оваа бројка е многу поголема. Тој продолжи да сугерира дека „сите потребни правни институции“ се залагаат за правни последици против одговорните.

https://youtu.be/2Veqllv-inE

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе