Американските власти синоќа испратија група воени воздухопловни ловци по мал авион кој неовластено навлегол во воздушниот простор над пошироката област на Вашингтон, а потоа се урнал во Вирџинија.
Воените авиони го пробиле звучниот ѕид над главниот град на САД за да стигнат до мајата Цесна, при што се слушнале низа експлозии кои предизвикаа вознемиреност кај граѓаните.
Авионот „Цесна“ полетал од аеродромот во Елизабетон, Тенеси и бил на пат кон аеродромот Мекартур на њујоршкиот Лонг Ајленд, на околу 80 километри источно од Менхетен, се вели во официјалното соопштение.
Инцидентот сега ќе го истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот.