Спорт Фудбал

Бензема дефинитивно си заминува од Реал Мадрид

Тоа што се најавуваше во изминативе денови, денеска и официјално е потврдено. Карим Бензема по завршувањето на сезоната си заминува од Реал Мадрид.

По 14 години минати на Сантијаго Бернабеу, поранешниот француски репрезентативец реши да го напушти Кралскиот клуб и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Саудиска Арабија каде според неофицијални информации ќе потпише договор со Ал Итихад според кој ќе добие 400 милиони евра за две сезони.

Бензема во Реал Мадрид дојде во 2009 година и освои 25 трофеи, а во овој период Французинот одигра 647 натпревари и постигна 353 гола, а забележа и 165 асистенции.

По бројот на настапи е втор на вечната листа во Кралскиот клуб, а според постигнатите погодоци тој има само еден гол помалку од Кристијано Роналдо.

Одлуката на Бензема иако беше очекувана сепак останува нејасно што се случи во изминативе два-три дена бидејќу тој во четвртокот на социјалните мрежи најави останување до крајот на договорот кој завршува следното лето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе