Вести Свет

Ердоган прогласи победa во вториот круг на претседателските избори во Турција

Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.

Добивме одговорност да владееме во следните пет години, им порача Ердоган на граѓаните собрани во Истанбул.

Ердоган, пред насобраните приврзаници истакна дека единствен победник е Турција, им се заблагодари на граѓаните што гласале и додаде дека оваа изборна победа отвора ново турско столетие.

Во меѓувреме, неговите подржувачи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веќе ја слават победата на претседателските избори.

Со нешто над 98 проценти обработени гласачки кутии актуелниот Ердоган води пред противкандидатот опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу со 52.12 наспроти 47.88 проценти од гласовите.

Според новинаската агенција Анадолу за Ердоган гласале 26.891.260 гласачи, додека за Киличдароглу 24.706.361.

Иако државната комисија сѐ уште официјално не го прогласи за победник, честитки за новиот мандат на Ердоган започнаа да пристигнуваат од странство. Прв му честиташе катарскиот емир Тамим Бин Хамад, а за неспорната изборна победа честитки пристигнаа и од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршни зборови на обвинителството во случајот со Вања и Панче

Дејан Дејан

Мерко со ослободителна пресуда за набавката на луксузното ауди

Дејан Дејан

TЕЦ Осломеј не работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе