Вести Свет

Турција пред втор круг избори, петти мандат за Ердоган или победа на опозиционерот Киличдароглу

Пред помалку од два часа почна изборниот молк во Турција. Последниот ден од кампањата пред вториот круг избори двата табори ги искористија за да ги придобијат гласачите на своја страбна а интересно е што фокусот беше на најголемиот град во државата Истанбул каде високи партиски преставници имаа средби со граѓаните.

Па така во Ејупсултан џамијата, една од најпознатите во Истанбул се појавија и градоначалникот Имамоглу, член на опозицијата, но и претседателот Ердоган.

Опозиционерот Кемал Киличдароглу, лидерот на ЏЕ ХЕ ПЕ и колацијата од уште пет помали партии, денеска го обвини претседателот Ергодан за опструкции и заплашувања.

Постојани клевети, лаги, заговори, необичности на гласачките кутии, напори за забрана на набљудувачите, страшна кампања на лаги против ТВ Бабала, монтирани лажни видеа, како и забрани на нашите мобилни телефони. Сега не можам ни да пратам СМС порака до новинарите да го објавам мојот распоред,Телекомуникациските компании ме блокираа да не им пишувам пораки на новинарите. Јас сум во тотален мрак. Ве прашувам, Ердоган, да не се кандидирам на овие избори? Дали е ова што сакаш? Избори не може да се одржат во Турција. Овој човек е кукавица, тој е кукавица. Земјата се распаѓа поради кукавица, изјави денеска Кемал Киличдароглу, кандидат за претседател на Турција.

Од друга страна пак, претседателот Ердоган, на неколку часа пред изборниот молк преку социјалнирте мрежи сподели промотивен клип и порача „Сите сме едно срце. Заедно сме Турција до последниот здив“

А прогнозите околу исходот на утрешните избори се движи од уште поубедлива победа на пртеседателот Ердиоган и петти мандат до надополнување на разликата и победа на опозицијата и Киличдароглу.

За Ејуп Учак, поранешен градоначалнбик на општината Ејупсултан, кој инаку е роден во Македонија во прилепското село Лажани, на утрешните избори претседателот Ердоган ќе победи со поголема разлика од првиот круг

Историчарката Бајрактар ОР и политички аналитичар, но и член на ЏЕ ХЕ ПЕ, смета дека ќе има пресврт и Киличдароглу ќе биде идниот претседател на Турција

Јас многу се надевам и не очекувам разочарување затоа што ние сме деца на Мустафа Ќемал Ататурк. Затоа не смеме да бидеме без надеж. Вие и сами видовте колкумина сме, колкава голема фамилија сме. Токму затоа мислам дека сигурно ќе победиме затоа што навистина имаме голема надеж. Во недела ги повикувам сите да излезат на гласање, порача Бајрактар Ор.

Во првиот круг на избори кој се одржа на 14 мај пбеди актуелниот претседател Ердоган кој одвои 49,5 отсто од гласовите  додека Киличдароглу имаше речиси 45 отсто од гласовите. Во меѓувреме Сенат Оган, кој освои 5 отсто од гласовите јавно го поддржа претседателот Ердоган но ред помали партии пак од негобвата коалиција застанаа зад Киличдароглу.

Интересно е што во поголемите градови како Истанбул, Анкара и веќе традиционално Измир победи Киличдароглу додека Ердоган победи во континентална Турција и областите погодени од катастрофалниот земјотрес.

За нешто повеќе од 12 часа  ќе се отворат гласачките места, 192 илјади на број, на кој своето право на глас ќе може да го оставарат над 64 милиони гласачи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе