Вести Свет

Турција пред изборен молк – Киличдароглу го предизвикува Ердоган

Се прават последните подготовки за вториот круг на претседателски избори во Турција. На гласачките ливчиња се две спротивни визии за иднината на земјата. Гласачите ќе решаваат меѓу авторитарниот актуелен претседател, Реџеп Таип Ердоган и неговиот предизвикувач, Кемал Киличдароглу, кој уверува дека ќе ја врати демократијата во земјата.

Ердоган е во благо водство во вториот круг, откако третопласираниот кандидат националистот, Синан Оган ги повика своите гласачи да го поддржат актуелниот претседател. Но, поддршка на Киличдароглу дава партијата Зафир, која освои два и пол насто од гласовите.

Според аналитичарите, главниот предизвик за кандидатите е да ги привлечат осум милиони гласачи кои одбија да излезат на гласање во првиот круг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе