Вести Свет

Голем митинг на владеачката СНП вечерва во Белград – Вучиќ ќе повика на обединување

Се интензивираат подготовките на владеачката Српската напредна партија за вечерашниот голем собир во Белград под мотото „Србија на надежта“, кој вечерва ќе се одржи на плоштадот „Никола Пашиќ“ пред Народното собрание.

Главна ѕвезда на најавеното ново големо српско случување на народот, секако, ќе биде неприкосновениот лидер на СНП и шеф на државата, Александар Вучиќ.

Најавувајќи го својот говор тој порача дека на граѓаните нема да им се обрати како партиски лидер туку како претседател на републиката, при што нема ниту да ги споменува политичките противници, туку единствено ќе говори за неговата визија на иднината на државата.

Вучиќ најави дека тој ќе зборува како Претседател на републиката. Значи, ќе се обиде и тој да ја спушти малку топката. Затоа што и тие разбраа, да повторам, дека немаат проблем со опозицијата, колку што имаат со општеството, односно јавноста која се обнови.

Просторот пред српското собрание од раните утрински часови на големо се подготвува за пристигнувањето на поддржувачите на Вучиќ. Се финишира поставувањето на голема бина, четири огромни ЛЕД панели, се поставуваат кранови за телевизиските камери на про-владината медиумска пропагандна машинерија.

Автобусите со граѓаните кои доаѓаат од внатрешноста на Србија се паркираат на повеќе пунктови во градот, поставени се голем број мобилни тоалети, како и цистерни со вода, многу сокови и други производи за повеќето десетици илјади луѓе кои пристигнуваат во српската престолнина.

Вработените во државните компании и институции добија слободен дел од работа за да присуствуваат на големиот народен собир.

Кон Белград, под мотото „Многу сме силни“, се упатија и повеќе автобуси организирани од Здружението „Мир, слога и стабилност“ со Срби од Македонија и Македонци со српско потекло.

Но, не се сите жители на Белград воодушевени од најавениот собир на Српската напредна партија и култот на личноста што се гради околу Вучиќ.

Иако Вучиќ негира дека митингот не е воопшто порака кон опозицијата, пред утрешниот најавен голем собир на политичките противници на СНП, малкумина веруваат во тоа тврдење.

Овој месец веќе беа одржани три големи анти-владини протести и масовни прошетки на српските граѓани кои меѓу другото бараа и оставка на Вучиќ

Телевизиите и таблоидите во служба на српската владеачка партија се обвинуваат и за промовирање на насилството, криминалот и шундот и создавањето на атмосферата на поделби во државата, што директно придонело и за грозоморните масовни убиства од 3-ти и 4-ти мај, во кои беа убиени 18 луѓе а 20-тина беа повредени, голем дел од нив ученици во основно училиште кои ги уби нивниот 13-годишен соученик.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе