Австралиски пожарникари се борат со голем пожар во повеќекатница во центарот на Сиднеј. Припадници на итните служби го оградија подрачјето околу објектот и засега нема информации за повредени или загинати лица.
“It was bloody scary when it collapsed.” #9Newshttps://t.co/kE5FQScfNK
— 9News Sydney (@9NewsSyd) May 25, 2023
Според снимките кои се споделуваат по социјалните мрежи, зградата во која беснее пожарот се наоѓа во близина на централната железничка станица во Сиднеј, пренесува „Ројтерс“. Стотици луѓе се евакуирани, а делови од фасадата на опожарената зграда паѓаат на улица.
Покрај зградата, во пламен се и најмалку два автомобила.