Украинската армија соопшти дека противвоздушната одбрана во Киев одбила нов „масовен“ напад на руски беспилотни летала врз главниот град.
Русија „повторно го нападна Киев од воздух“, објави на Телеграм, Серхиј Попко, шеф на цивилната и воената администрација на Киев.
Воздушниот напад на градот траел повеќе од три часа.
Според првичните информации, во нападот биле користени ирански дронови од типот „Шахед“.
Попко наведе дека во мај, ова е веќе дванаесетти воздушен напад врз главниот град. На денешниот напад му претходеше најдолгата пауза за мај, која траеше четири дена без напади врз Киев.
„Оперативните информации се ажурираат и модернизираат. Следете ги новите известувања. Внимавајте, строго следете ги безбедносните правила, внесете мир во Украина со вашите одговорни дејствија секој ден до нашата победа“, напиша Попко.
Оваа ноќ, покрај Киев, со „Шахед“ се извршени воздушни напади иво регионите Лвов, Хмелницки и Буковина.
САД ќе проверуваат дали во нападите на регионот Белгород биле користени американски возила