Најголемиот воен брод во светот, американскиот носачот на авиони „УСС Џералд Форд“ пристигна во Осло, што Русија го оцени како „нелогичнa и штетнa“ демонстрација на сила. Бродот, кој користи нуклеарен погон долг 337 метри и кој може да носи до 90 авиони и хеликоптери, вплови во фјордот во Осло под придружба.
Тој се очекува да остане неколку дена пред да се упати кон Арктикот каде се одржуваат воени вежби, јавуваат норвешките медиуми.
„Посетата и присуството на носачот на авиони дава единствена можност да ја развиеме нашата блиска соработка со нашиот најважен сојузник, САД“, се вели во соопштението на норвешката војска.
Норвешка дели копнена граница со Русија на далечниот север, како и поморска граница во Баренцовото Море.
Пригожин тврди: Регрутирав 50.000 затвореници, во Украина загинаа околу 10.000