Вести Свет

Москва и Минск го потпишаа Договорот за распоредување на руско нуклеарно оружје на белоруска територија

Русија и Белорусија го потпишаа договорот за распоредување на руското тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија. Документот го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, објави руската државна агенција ТАСС.

„Ројтерс“ пренесува дека рускиот министер за одбрана рекол оти Западот води „необјавена војна“ против Русија и Белорусија.

Русија и Белорусија, кои се блиски сојузници во војната во Украина, претходно оваа година се согласија за распоредување на дел од рускиот тактички нуклеарен потенцијал во Белорусија.

Министерот за одбрана на Белорусија, Виктор Хрењин истакна дека распоредувањето на нестратешко нуклеарно вооружување во Белорусија претставува одговор на агресивната политика на непријателските земји.

Според него, во рамки на воената и воено-техничката соработка на земјите се преземени мерки за засилување на борбениот потенцијал на регионална група на сили, вклучувајќи и нивно опремување со ново, современо вооружување, како што се оперативни тактички ракетни системи „Искандер-М“ и противвоздушни ракетни системи С-400. Исто така се преработени и авиони од типот Су-25, со можност за примена на нуклеарно воздушно вооружување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе