Македонскиот државјанин кој синоќа беше ранет во улична престрелка во Белград е во Ургентниот центар и врз него е извршена хируршка интервенција. Според пишувањата на српските медиуми тој бил случајна мета на нападот.
Припадниците на српското МВР идентификуваа и приведоа маж кој пукал од пиштол и ранил две лица во улицата Максим Горки во белградската општина Врачар во текот на вечерта.
Според медиумите, приведен е Н. Ѓ. (20) кој е осомничен дека во понеделникот околу 19.40 часот во Врачар пукал од пиштол и ранил две лица.
Ранетите се А. П. (26) и македонскиот државјанин Д. Л. (21).
Од Брзата помош констатирале дека 26-годишен маж бил застрелан во натколеницата и со тешка повреда и обилно крварење е пренесен во Ургентниот центар на реанимација.
Истиот напаѓач пукал и во уште едно младо момче на возраст од 20 години, кое се обидело да побегне и со прострелна рана во грбот бил пренесен во Ургентниот центар.