Маж од Калифорнија, во обид да им помогне на семејство на патки да преминат улица бил удрен од автомобил и загинал.
41-годишниот Кејси Ривера, кога ги видел патките застанал и излегол да им помогне да побрзаат да го преминат патот. Не го видел автомобилот кој возел директно кон него, а го управувал тинејџер, кој не можел да сопре и го згазил Ривера. Сведоци на трагедијата биле и деца кои биле воодушевени од чинот, а дел од возилата зад него застанале да го почекаат Ривера да им помогне на патките.
Полицијата засега не уапсила никој, но велат дека инцидентот се уште се истражува. Според полицискиот капетан на градот Роклин, каде се случила трагедијата, малку е веројатно дека тинејџерот возач ќе се соочи со кривична пријава.
Им помагал на патки да преминат раскрница – го удрил автомобил и загинал
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.