ГЕРБ и „Продолжуваме со промените“, двете политички партии кои освоија најголем број гласови, а со тоа и пратенички мандати, постигнаа договор за формирање коалициска влада со „ротирачки“ премиер, во обид да најдат привремено решение за политичката криза во државата и неможноста да се формира стабилна влада..
Според договорот, во наредните девет месеци, премиерска функција ќе ја врши поранешниот министер за образование, Николај Денков од „Продолжуваме со промените“, додека поранешната еврокомесарка, Марија Габриел, од партијата на десниот центар ГЕРБ, ќе биде вицепремиер и министер за надворешни работи.
Девет месеци подоцна, позициите ќе ротираат – односно премиер на Бугарија ќе биде Габриел, додека вицепремиер Денков. Според најавите на двата политички блока во наредните месеци новата влада ќе се фокусира на реформата на обвинителството, намалување на буџетскиот дефицит на 3% и на спроведување на приоритетите за влез на Бугарија во Шенген и еврозоната.