ГЕРБ и „Продолжуваме со промените“, двете политички партии кои освоија најголем број гласови а со тоа и пратенички мандати, постигнаа денеска договор за формирање коалициска влада со „ротирачки“ премиер, во обид да најдат привремено решение за политичката криза во државата и неможноста да се формира стабилна влада.
Според договорот, во наредните девет месеци, премиерска функција ќе ја врши поранешниот министер за образование, Николај Денков од „Промените продолжуваат“, додека поранешната еврокомесарка, Марија Габриел, од партијата на десниот центар ГЕРБ, ќе биде вицепремиер и министер за надворешни работи.
Девет месеци подоцна, позициите ќе ротираат – односно премиер на Бугарија ќе биде Габриел, додека вицепремиер Денков.
Во наредните месеци оваа влада ќе се фокусира на реформата на обвинителството, намалување на буџетскиот дефицит на 3% и на спроведување на приоритетите за влез на Бугарија во Шенген и еврозоната.
За да може и формално да се реализира договорот со „Продолжуваме со промените“, Габриел денеска му го врати мандатот на Борисов, кој го доби на 15-ти мај, по што се очекува тој да му го додели на Денков.