Вести Свет

Борел со јасна порака за Србија: Блиските врски со Русија, не се компатибилни со зачленувањето во ЕУ

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави денеска дека со шефовите на дипломатиите на земјите од Западниот Балкан, разговарал за руското влијание, нагласувајќи дека блиските врски со Русија не се компатибилни со европскиот интеграции.

На прес конференцијата по заедничкиот ручек со министрите од регионот, Борел го поздрави стратешкиот избор на оние земји кои се целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ во однос на санкциите кон Русија а на оние кои тоа не го направиле, потенцирајќи ја особено Србија, им укажал дека „блиските врски со Русија не се компатибилни со европските интеграции“.

„Разговаравме за руското влијание, кое се обидува да го наруши европскиот пат за земјите од Западниот Балкан, кандидати за членство во ЕУ. Ги поздравуваме стратешките и храбри одлуки на дел од нив кои целосно се во согласност со нашата надворешна политика и санкциите, но исто така им укажавме на оние кои се уште не се целосно усогласени или пак воопшто не се усогласени и сакам особено да ја споменам Србија, во насока дека одржувањето блиски врски со Русија не е во согласност со процесот за пристапување кон Европската Унија“ – потенцираше Борел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе