Кошарка Спорт

Мареј експлодираше во финишот: Денвер води со 2-0 против Лејкерс (ВИДЕО)

Денвер поведе со 2-0 против Лос Анџелес лејкерс во финалната плеј-оф серија во Западната конференција во НБА-лигата. Џамал Мареј беше херој на домашните во последниот период.

Нагетс славеа со 108-103 и максимално го искористија домашниот паркет. Мареј постигна 23 поени во последната четвртина од своите вкупно 37 за да ги однесе домашните до триумфот. Никола Јокиќ стигна до седмиот трипл-дабл во плеј-офот сезонава со 23 поени, 17 скока и 12 асистенции. Во таборот на Лејкерс, Леброн Џејмс имаше 22 поени, 10 асистенции и девет скока, Остин Ривс исто така имаше 22 поени, а Ентони Дејвис финишираше со 18 поени 14 скока.

Следните два натпревари се играат во Лос Анџелес, а првиот е закажан за во недела рано наутро во 2:30 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе