Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека властите не можат да ја потврдат информацијата за наводното спасување на 4 деца кои преживеале авионска несреќа и 14 дена лутале низ џунглата.
Повеќе медиуми ширум светот ја пренесоа веста дека 4 деца на возраст помеѓу 13 години и 11 месеци, биле спасени 14 дена по авионската несреќа во која загинала нивната мајка, пилотот и копилотот на малиот авион со која летале.
Информацијата за нивното спасување први ја објавија од колумбиската агенција за добросостојба на децата, кои тврдат дека ја добиле од доверливи извори, кои меѓудругото дале и точен физички опис на децата. Но, од агенцијата сепак додаваат дека тие сѐ уште не ги виделе децата за да можат да го потврдат нивнито идентитет и затоа потрагата, во која се вклучени припадници на армијата и домородното население, ќе продолжи.
Дека децата биле пронајдени од страна на домородното население длабоко во колумбиската џунгла се појавуваат во Колумбија од повеќе страни, меѓу кои и од авиокомпанијата Авианлајн која го поседувала урнатиот авион, но и од таму додаваат дека засена таа информација не може да биде потврдена.
Војниците кои учествуваат во потрагата соопштиле дека кучиња трагачи нашле шише за вода на едно од децата, а малку подоцна во близина на урнатиот авион било пронајдено и импровизирано засолниште, направено од стачиња и гранки.
Мислиме дека децата кои биле во авионот преживеале. Пронајдовме траги на различни локации, подалеку од местото на уривањето, и место каде што се засолнувале, изјави полковникот Хуан Хозе Лопез.
Неколку извори тврдат дека децата биле пронајдени од припадници на локалното домородно население, и засега престојуваат во зафрлено населено место наречено Думар. Домородците планирале да ги пренесат со чамец до градот Чачипоро, каде што има аеродромска писта, но биел спречени поради лошите временски услови.