Нилски коњ удри во чамец со 37 патници пришто едногодишно дете го загуби животот, а 23 лица се водат како исчезнати во големата несреќа што се случи на реката Шире во Малави. Благодарение на брзата интервенција на спасувачките екипи, извлечени се 13 луѓе.
Потрагата по останатите 23 лица продолжува, но како што одминува времето, сè помали се шансите да бидат пронајдени живи, пренесува „Гардијан“.
Несреќите од таков тип се чести во Малави, бидејќи жителите мора да се снаоѓаат како знаат за да ја минат реката, со оглед дека не постои редовен превоз, па затоа и се одлучуваат за небезбедни чамци.