Вести Свет

Говор на Хитлер бил емитуван на разглас во воз – скандал во Австрија

Патници во воз на меѓуградска линија во Австрија останале во шок кога на разгласот слушнале говор на лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер. Наместо вообичаените сервисни информации, патниците во возот преку звучниците во еден момент ги слушнаа нацистичките пароли – „Хајл Хитлер“ и „Зиг хајл“.

Патник во возот на релација Брегенц – Виена за „Би-Би-Си“ рече дека сите во возот „останале шокирани“.

Давид Стегмилер, пратеник на редовите на австриската Зелена партија, рече дека говорот на лидерот на нацистичка Германија бил пуштен преку разглас непосредно пред пристигнување на возот во Виена. Тој наведува дека говорот на Хитлер можел да се слушне во два наврата

„Прво беше пуштен дел од 30 секунди од говор на Хитлер, за потоа да се слушне Зиг Хајл“, изјави Стегмилер.

Австриската сојузна железница во соопштение до „Би-Би-Си“ нагласи дека „се дистанцира од содржината што била емитувана во возот“.

„Моментно претпоставуваме дека тие објави ги емитувал некој член на персоналот на возот“, информираат од Железници на Австрија и додаваат дека случајот е пријавен во полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе