Вести Свет

Поплави во Хрватска поради обилните врнежи, на помош и припадници на армијата

Спасувачки тимови и стотици војници беа распоредени денеска поради поплавите кои погодија неколку региони во Хрватска. Обилните врнежи изминативе денови предизвикуваа излевање на некои реки, поради што беа поплавени домови, патишта и јавни објекти во неколку населени места.

Еден од најтешко погодените градови е Обровац, каде наставата денеска не се одржа затоа што училиштето е поплавено, додека некои делови од градот се под вода а во други нема струја.

Во соседниот Грачац, десетици граѓани беа приморани да се качуваат на повисоки катови, или пак да ги напуштат своите домови бегајќи од надојдената вода.

Армијата испрати околу 300 припадници на вооружените сили за да им помогнат на цивилите во правење насипи и копање канали, додека спасувачките екипи разнесуваат храна и вода на луѓето кои се заглавени во своите домови.

Целиот наш оперативен персонал е на терен во Обровац и Грачац. Подготвени сме и буквално го вложуваме и последниот атом енергија, бевме овде цела ноќ, изјави Мирислав Андриќ, директор на цивилната заштита на Обровац.

Ситуациајта е загрижувачка затоа што хрватските метеоролози соопштија дека во наредните денови се очекуваат уште врнежи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе