Калин Ивановски во пресрет на ИТФ турнирот во Скопје што ќе се одржи од 21 до 28 мај игра во одлична форма.
Македонскиот најдобар тенисер на турнирот во Куршумлиска бања ќе се бори за два трофеи.
Во поединечна конкуренција тој денеска во два сета со 7:5 и 6:2 го совлада четвртиот носител Украинецот, Олександар Овчаренко и утре за титулата ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Клемен Табур од Франција и Италијанецот, Самуел Винсент Руџери.
Попладнево Ивановски заедно со противникот во полуфиналето Овчаренко во игра на двојки во финалето ќе се сретне со белоруската комбинација Андреј Шепелев – ММикалај Халиак.
ФОТО: Игор Паневски