Вести Македонија Најважни

Се запали мостот „Беласица“, забрането е движење за возила и пешаци

Полицијата сè уште врши увид на мостот „Беласица“, што се наоѓа меѓу Железничката станица и Ист Гејт мол, кој синоќа на полноќ беше опожарен, а утрово околу 4 часот изгаснат. Во пожарот кој го зафатил долниот дел на мостот, биле опожарени електрична и топловодна инсталација, што во прв момент го отежнало гаснењето од Бригадата за противпожарна заштита, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од тие причини, сообраќајот на мостот „Беласица“ е во преќин и забранет, а возилата, но и пешаците се пренасочени за движење по околните улици. И така ќе биде се додека тим од Град Скопје не ги утврди штетите на мостот и додека не се добијат информации за негово повторно отворање или извршено санирање. А, забрането е и движење под мостот.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникар со 8 противпожарни возила, а била зафатена површина од 2.000 м2. За настанатата состојба биле известени сите надлежни институции што посредно и непосредно имале инсталација на мостот и во близината на мостот. Биле известени МВР кои целосно го блокирале сообраќајот на мостот, бензинска пумпа „Макпетрол“, АД „Гама“ Скопје кои биле на лице место и утврдиле дека немаат гасоводена мрежа што минува на овој потег, како и Македонски железници, кои во одреден временски период на пожарот, го исклучиле напојувањето со електрична енергија, ЕВН Македонија и АД ЕСМ, поради оштетен дел од цевките за парно греење, по што тие испратиле екипа за санација на цевките“, информираат од Регионалниот ЦУК Скопје.

За причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе известат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велика Британија размислува за правни мерки против Абрамович поради замрзнатите средства од продажбата на „Челси“

Дејан Дејан

Собранието станува безбедносна зона

Дејан Дејан

ОЕЦД ја намали проекцијата за глобалниот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе