Вести Македонија

Алиу: Конечен став за забраната на Тик Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Министерот за  информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции.

Алиу попладнево во пишана изјава изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите и граѓаните на соседна Србија и осврнувајќи се на иницијативата за забрана на Тик Ток посочи дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.

Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство, вели Алиу.

Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал.

Оттаму, Министерството за информатичко општетсво и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено, вели Алиу.

Од МИОА апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.

Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за комумикација со сите општествени чинители, вели министерот Алиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе