Вести Свет Топ вести

Убиен новинар во Украина кој работел за италијанска „Ла Република“

Украински новинар, кој работел како локален соработник на италијанскиот весник „Република“, е убиен од снајперски истрел во јужна Украина, а неговиот италијански колега е ранет, пишува весникот.

„Нашиот дописник Корадо Зунино и неговиот колега Богдан Битик упаднаа во заседа на руските сили во предградие на Херсон, јужна Украина. За жал, Богдан Битик не преживеа, а Корадо, кој беше ранет во рамото, е примен во болница во Херсон“, додава „Република“.

Двајцата новинари, кои редовно известуваа за конфликтот од почетокот на војната во Украина, носеле панцирни елеци со ознака „прес“, нагласува весникот.

Тие биле во близина на главниот мост во Херсон кога биле погодени.

„Погодени сме. Го видов Богдан на земја, не мрдаше. Го викав, но тој не ми одговараше“, рече италијанскиот репортер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

СДСМ бара вонредна седница за разрешување на претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена

Дејан Дејан

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе