Вести Свет Топ вести

Вучиќ со порака до ЕУ: Лажговци и измамници, ништо не сте разбрале

Вие луѓе ништо не сте разбрале, и порача српскиот претседател Вучиќ на ЕУ, откако портпаролот Петер Стано рече дека изборите на Косово се согласно законот, но дека не нудат трајно политичко решение. ЕУ жали што сите заедници и политички партии не гласале на изборите. Косовската изборна комисија веќе соопшти дека гласале вкупно 1.566 Албанци, а само 13 лица биле Срби. Самоопределување и Демократската партија на Косово веќе прогласија победа во четири општини.. Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан добија нови градоначалници со излезност од само 3,47%, односно неколку стотици луѓе донесоа одлука  за десетици илјади Срби.

Вучиќ нарекувајќи ги лажговци и измамници, кои десет години кои десет години не ги слушнале Србите од Косово на бриселските власти им порача дека нема да ја добијат поддршката при гласањето за Косово пред Советот на Европа.

  • Да не лажете и мамите во иднина не може. Дури и во нивниот предлог за имплементациониот план не стои ние да гласаме вака или онака, тоа не можат да ни го кажат, туку да не правиме опструкции стоеше позади формирањето на заедницата на српски општини, а сега одеднаш да гласаме за нешто, а тие ништо не исполнија. Е па не сакаме, не дава Вучиќ, не ви дава дикататорот. Сам реши. Сменете го диктаторот. Јас не ви давам лажговци едни, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Српскиот претседател признава дека мора да се водиме сметка за политичкото опкружување за европски пат за „да може да опстанеме како европска нација и за да го чуваме нашиот народ на Косово и Метохија“. Тоа е сега тежок проблем за Белград, рече тој.

  • Пред нас е тежок период, согласно тоа мораме да знаеме дека нам не ние потребен никаков судир со НАТО за тоа не сме способни но, не сме во состојба да дозволиме понатамошно понижување на нашиот народ, не сме во ситуација да дозволиме понатамошни напади врз нашиот народ, работите ќе стануваат се покомплицирани, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Во исто време нацрт-годишниот извештај за Косово, за кого во Комисијата за надворешни работи ќе се гласа задутре, има 305 амандмани од пратениците на Европскиот парламент, а во мај треба да оди на одобрување на пленарната седница на Европскиот парламент.

Европскиот парламент ја поддржува и апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа и планот на земјата да биде вклучена во програмата на НАТО Партнерство за мир.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе