Вести Македонија

Митрополитот Петар во Топ Тема тврди дека бил изваден од контекст – не била родовата еднаквост богохулна и изопачена, туку трансродовите лица

Сосема е извадена од контекст мојата изјава, изјави во вечерашното издание на Топ Тема, Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, во однос на неговите коментари дека родовата еднаквост била богохулна, противприродна и изопачена.

„Јас кажувам дека луѓето ќе речат: јас не сакам да бидам маж, сакам да бидам жена а не можам да станам, но ќе се чувствувам како жена, ќе се претставувам како жена. Прашањето е дали мажот што ќе си го смени полот може да раѓа и обратно жената кога ќе стане маж, дали е таа во состојба да оплодува жена“ – изјави митрополитот Петар.

Митрополитот Петар во Топ Тема за родовите односи: Има жени кои сакаат да имаат кариера и затоа земаат контрацепција или за да уживаат во половите односи, се одлучуваат на абортус!

Митрополитот Петар тврди дека неговите коментари се однесувале само на оние лица што го менуваат полот, односно на трансродовите лица.

„Тоа што Господ го создал. Машко да биде машко а женско да биде женско, треба да се почитува.“ – вели Петар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе