Вести Свет Топ вести

Изборите во северно Косово се одржаа во согласност со уставните и законските правила, оценува американската амбасада во Приштина

Амбасадата на САД во Косово синоќа соопшти дека изборите во четири северни општини се одржале во согласност со уставните и законските одредби на Косово.

Американската амбасада додаде дека ја поддржува „различната, инклузивна и мултиетничка демократија во Косово и изборите што ја поддржуваат“.

Во изјавата се изразува жалење што не сите партии го искористиле своето демократско право да учествуваат на изборите.

Амбасадата изрази благодарност за професионалноста на косовската полиција, Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и КФОР за обезбедување безбедна средина за изборите.

Од амбасадата велат дека ќе се ангажираат со сите релевантни страни за следните чекори.

„Исто така, ја нагласуваме важноста и нашата посветеност за целосно спроведување на Охридскиот договор“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина.

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека на вчерашните избори за градоначалници на општините во северно Косово и за советници во општините Лепосавиќ и Звечан гласале само 3,47 отсто или 1.567 граѓани со право на глас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе