Вести Свет Топ вести

Србите ги бојкотираат локалните избори во четири општини на северот на Косово

Србите ги бојкотираат локалните избори во четирите општини на северот на косово, населени со српско население, Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица, откако главната политичка партија на косовските Срби, Српска листа, повика на бојкот на изборите.

Изборите се одржуваат, откако градоначалниците на Српската листа во овие четири општини, лани во ноември, поднесоа оставки во знак на протест, по одлуката на косовската влада за замена на српските, со косовски регистарски таблички.

Според податоците на централната изборна комисија, на гласање излегле околу еден отсто од избирачите. Српска листа, која ја има поддршката на официјален Белград, бара прво да се формира Заедница на српски општини и да се повлечат косовските специјални единици од северот на Косово, а потоа да се одржат избори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека намерата е да се постават на власт оние кои не можат да добијат ниту еден отсто гласови. Претходно, Европската Унија оцени дека одржување на мирни избори на северот на Косово е од суштинско значење, а косовската претседателка Вјоса Османи рече дека  безбедноста на граѓаните е загарантирана и ги повика да гласаат на локалните избори.

На изборите за градоначалници на северот на Косово учествува еден кандидат од српската заедница и деветмина Албанци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе