Јас сум иден градоначалник на Општина Северна Митровица, изјави вечерва Ерден Атиќ пред седиштето на неговата партија „Самоопределување“ во северниот дел на градот.
„Самоопределување“, како што кажа, има резултати, но ќе ги почека и официјалните на Централната Изборна Комисија (ЦИК).
Во краткото обраќање пред медиумите, Атиќ истакна оти сака да биде градоначалник на сите граѓани на Северна Митровица.
„Ќе имаме две и пол години за добри и големи проекти. Едвај чекам да ги примам граѓаните. Благодарност до сите“, порача Атиќ.
Според последните информации на ЦИК, на денешните вонредни избори гласаа вкупно 1.567 избирачи или 3,47 отсто. Најголема излезност е забележана во Зубин Поток, потоа во северниот дел на Косовска Митровица и во Звечан. Најслаба била излезноста во Лепосавиќ.
Повторените локални избори во општините на север на Косово се организираат откако на крајот на минатата година српските претставници ги напуштија косовските институции поради повеќе потези на владата на премиерот Албин Курти.
На овие избори имаше само еден кандидат Србин, а српските граѓани го бојкотираат изборниот ден. Според Белград сано 13 Срби гласале, а намалена била и излезноста на жителите Албанци.
Петковиќ: Само 13 Срби гласаа на изборите на северот на Косово