Вести Свет Топ вести

Украинската армија тврди: Соборивме руски авион Су-25

Генералштабот на украинската армија соопшти дека воздухопловните сили вчера извршиле 11 напади врз места каде се концентрирани руски војници и опрема и три напади врз позиции на руски противвоздушни ракетни системи. Притоа се наведува дека е соборен и руски борбен авион од типот Су-25.

Во меѓувреме, гувернерот на областа Миколаев, Виталиј Ким изјави дека во синоќешниот руски напад загинале двајца тинејџери. Руската армија употребила ракети земја – воздух С-300, при што се оштетени и училиште, приватна фирма и станбен објект.

Додека гувернерот на Запорожје, Јуриј Малашко изјави дека Русија синоќа почна масовен напад во областа.

Руските сили го нападнаа регионот Запорожје во текот на ноќта на 16 април, на православен, изјави Малашко, додавајќи оти при нападот се оштетени локална црква и зградите околу сакралниот објект.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) – Десетти „Марш за ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Инертни институции – мачени и убивани животни

Дејан Дејан

Жителите на радовишките села Бучим и Тополница бараат изградба на ветениот водовод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе