Спорт Тенис

Прва Мастерс титула за Рубљов, Руне не успеа да го повтори подвигот на Надал

Андреј Рубљов е победник на третиот турнир од Мастерс серијата што се одржа во Монте Карло и со кој се отвори новата сезона на земјена подлога.

Рускиот тенисер до првиот трофеј на еден турнир од Мастерс серијата стигна откако во финалето во три сета со 5:7, 6:2 и 7:5 го совлада Данецот, Холгер Руне.

Рубљов денеска ја забележа 18-тата победа во досегашниот тек од сезоната и по двата порази во Монте Карло и Синсинати во 2021 година, тој конечно успеа да освои еден трофеј на турнирите од Мастерс серијата.

Деветнаесет годишниот Данец во второто финале не успеа да стигне и до уште еден трофеј, а првиот го освои минатата година кога триумфираше во Париз.

Инаку Руне беше првиот тинејџер кој успеал да стигне до финалето во Монте Карло по Рафаел Надал, кој во 2006-тата со 19 години успеа да забележи победи во кнежевството.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе