Вести Македонија Топ вести

Кинолози: Ниту едно куче не се раѓа агресивно, што точно се случило во кобното вторнично попладне во Пинтија?!

Обдукцијата на телото на осумгодишното дете од Пинтија е завршена, а наодот сѐ уште не е пристигнат во Јавното обвинителство. Истрагата е во тек додека јавноста чека одговори – како дојде до трагедијата. Кинолозите анализираат дека ниту едно куче не се раѓа агресивно и апелираат да се утврдат сите детали кои претходеле на крволочниот напад од кучето бул мастиф.

Јавноста сѐ уште не може да се соземе од трагедијата во Пинтија, но институциите сега се во активна потрага по одговорите – што се случило во тоа кобно вторнично попладне. Осумгодишното дете го загуби животот на свиреп начин, искасапено од крволочниот 12-годишен бул мастиф.

Големи дилеми се отворија, како е можно вакво куче кое важи за генерално социјализирано и нема обичај да напаѓа, иако е моќно и силно, така да нападне едно дете од соседството, кое досега безброј пати си играло со него. Во Обвинителството го чекаат обдукцискиот наод, за да продолжи истрагата.

„Обдукцијата е завршена, но обдукцискиот наод сѐ уште не е пристигнат во Основното јавно обвинителство – Скопје. Надлежниот јавен обвинител издава повеќе наредби со цел да се испита целиот настан. Меѓу нив, ќе биде издадена наредба до Агенцијата за храна и ветеринарство да се провери третманот и одгледувањето на кучињата“, велат Јавно обвинителство.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, уште вчера, по сопствена иницијатива ги отворија процедурите. Кучињата кои биле во дворот веќе се под надзор на ветеринар и во следните денови ќе се трага по причините за агресивното однесување.

Ставот на експертите е дека ниедно куче не се раѓа агресивно, туку се здобива со такво однесување според тоа како е третирано и одгледувано.

„Не знаеме на кој начин детенцето влегло таму, ниту пак колку време се задржало. Дали сѐ се случило во боксот, куќарката. Кучето на 12 годишна возраст претпоставувам дека има промени со катаракта и други очни состојби, така што најверојатно не видело за каква личност се работи. И многу е поверојатно дека тоа другото куче реагирало. Од кои причини, дали имале некоја друга играчка или коска па детето се обидело да ја земе или пак заземало таква положба – тоа е многу тешко да се каже“, изјави Перо Божиновски, меѓународен кинолошки судија.

По трагедијата, се јавија и од „Анима мунди“, со став дека би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има физички предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да убие.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска се откажа од трката за лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Татко ги силувал трите ќерки, мајката ги убедувала да не пријават оти е срамота

Дејан Дејан

Уште еден убиен новинар во Мексико

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе