Вести Македонија Топ вести

(видео)Мотор удри во мајка и дете на пешачки во Карпош 4, во обид да побегне моторџијата се удрил во друго возило

Дете и мајка удрени на пешачки премин во скопската населба Карпош 4. Моторџија ги удрил и продолжил да се движи по улицата „Никола Парапунов“ но, потоа удрил во автомобил во спротивната насока.

Детето и мајката се повредени и во шок. Префрлени се со возило на итна помош на лекарска интервенција и се полесно повредени.

На местото на несреќата на пешачкиот останале бонбоните кои детето ги носело додека одело на преминот.

Прва помош на повредените им укажале здравствените работници од блискиот старечки дом.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот му даде куќен притвор на мотоциклистот кој до смрт прегази пешак на скопскиот Кеј зад владата и избега

Дејан Дејан

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе