Вести Економија Македонија

РЕАКЦИЈА НА ЕСМ ЗА ЕМИСИЈАТА КОД: Тврдат имало невистини, но без објаснување за анексот со РКМ од 20 милиони евра, скапиот транспорт и полноќен истовар на цистерни

До редакцијата на ТЕЛМА пристигна допис од ЕСМ со наслов „Реакција на изнесени ставови во емисијата Код емитувана на Телевизија Телма на 09.04.2023 година“

Во емисијата КОД, емитувана на Телевизија Телма на 09.04.2023 година, изнесени се повеќе невистини за работата на АД ЕСМ и начините на кои компанијата се справува со енергетската криза.

Реакцијата се однесува на емисијата составена од три дела, за 1.ТЕЦ Неготино и бизнис зделките со мазутот (може да прочитате: КОД: 20.000.000 евра анекс, камиони што чекаат полноќ, скап транспорт, барање поголема маржа- Како се цицале парите за мазут за ТЕЦ Неготино), 2.еколошката сторија за канцероген мазут произведен од гуми во штипска фабрика кој се користел за енергија низ цела држава и 3.профилот за Васко Ковачевски, клучната фигура на владата во енергетската криза.

Еве ја реакцијата:

АД ЕСМ спроведе постапка за набавка на мазут преку јавен повик за прибирање понуди од домашни фирми регистрирани за дејноста и лиценцирани во Р. Северна Македонија. Понудувачите на истиот требаше да достават податоци за нивната понуда во однос на пополнет образец на понуда со финансиски дел, изјава за исполнување на условите од тендерот, документација со која се докажува дека не постојат причини за исклучување од постапката, изјава дека во последните пет (5) години не ми е изречена правосилна судска пресуда, заверена и потпишана техничката спецификација и банкарска гаранција. Цената на мазутот ја определува Регулаторна комисија за енергетика. Јавниот повик за набавка на мазут го врши АД ЕСМ, реализацијата на договорот за испорака на мазут ја прави ТЕЦ Неготно, кој што произведува електрична енергија и истата согласно догворот за деловно техничка соработка ја дава на АД ЕСМ.

АД ЕСМ иако нема законска обврска и може да набави мазут без претходно објавена постапка, сепак истото го прави транспарентно и јавно. Ова се прави со цел да се најде добавувач кој ќе обезбеди најдобри услови и цена.

Производниот процес во ТЕЦ Неготино не се исклучи веднаш по промените на брзанските цени на електрична енергија, бидејќи ако беше потребно, враќањето во режим на работа ќе беше поскапо и е процес кој трае до 30 дена за постигнување полн капацитет, со сите операции за пуштање.

Електричната енергија што во ноќните часови од денот се јавува како вишок во електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, а е произведена во капацитетите на АД ЕСМ, ја продава фирмата ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје.

Намерно или ненемерно, во производот на репортерот Огнен Чанчаревиќ, не се споменува дека се работи за НОЌНИ вишоци на електрична енергија, произведени во термоцентралите на АД ЕСМ во периодот од 2 часот по полноќ до 8 часот наутро. НОЌНИТЕ вишоци на електрична енергија се појавуваат заради задржување на стабилноста на термоелектраните кои не можат да работат под определен техничко – технолошки минимум на режим на работа.

Потенцираме дека на аукциите на ЕСМ Продажба продажба на ноќни вишоци енергија од 02 – 08 часот, може да се пријави секој субјект кој е на слободниот пазар: трговци, стопански субјекти, државни институции итн., доколку имаат потреба од електрична енергија во тие часови.

Дека АД ЕСМ работела во корист само за граѓаните говорат и фактите дека за 2022 година предвидено беше производството во однос на 2021 година да се зголеми за 20%, АД ЕСМ го зголеми за 26,7%, а од почетокот на 2023г до сега произведе 44% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8% повеќе од истиот период во 2021г. АД ЕСМ 2022 година ја заврши со добивка од скоро 41 милион евра. И што е најважно, во најголемата енергетска криза, АД ЕСМ обезбеди доволно електрична и топлинска енергија, ги стави фо функција сите капацитети и ја надминавме кризата без ниту еден ден рестрикции.

На следниот линк е целата емисија со содржините на кои реагира ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе