Познати се сите полуфиналистки на ВТА турнирот во Чарлстон.
Првата носителка Џесика Пегула во два сета со 6:3 и 7:6 триумфираше над Паула Бадоса, Белинда Бенчиќ која е поставена за фаворитка број 4 беше поуспешна од Екатерина Александрова.
Дарија Касаткина по голема борба со 2:1 по сетови 6:7, 6:4 и 6:2 ја елиминираше Медисон Кис додека втората носителка Онс Жабер место во полуфиналето обезбеди откако Ана Калинскаја поради повреда го предаде мечот во вториот сет.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.