Вести Свет Топ вести

Трамп: Единственото злосторство што го направив е што ја бранам нацијата

Поранешниот претседател на САД и прв во историјата кој се соочува со кривично гонење, се обрати до своите поддржувачи од вилата Мар а Лаго на Менхетен, велејќи дека единствениот криминал кој што го направил и за кој го гонат е тоа што ја бранел нацијата од уништувачи.

Според него вистинскиот криминалец е окружниот обвинител заради незаконско протекување информации во печат. Тој го повика обвинителот Брег да си поднесе оставка со осуда за статусот на неговата сопруга на твитер за кој по реакциите тврди дека таа веднаш го повлекла.

– Имам судија што го мрази Трамп и чија ќерка работеше за Камала Харис… Ова не е првпат Трамп да го критикува судијата што го надгледува неговиот случај.

Трамп цитираше неименувани аналитичари кои кажале дека повторно нема силни докази против него.

Претходно пред судот се изјасни за невин по сите 34 точки.

Не сум виновен, изјави во судот во Менхетен, Доналд Трамп откако му беа прочитани 34-те точки од обвинението против него за кривично дело, меѓу кои и за фалсификување бизнис документи.

Трамп стана првиот екс американски претседател кој е формално уапсен заради обвинение за извршено кривично дело.

Случајот против Трамп е поврзан со поткупот на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс, со која имал интимен однос, а потоа се обидел да го купи нејзиниот молк со 130 илјади американски долари.

По околу 57 минути од сослушувањето, Трамп ја напушти судницата, без да даде коментар, игнорирајќи ги прашањата од новинарите по што се упати кон својот имот на Флорида… Окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, порача дека историскиот случај со Трамп на неговата канцеларија има за цел да покаже дека без разлика за кого станува збор нема да се толерира сериозно криминално однесување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата денес со отчет за првата година од работењето

Дејан Дејан

Азиските берзи во пад по нападот врз Иран

Дејан Дејан

Протести и поделеност во Њујорк по нападите врз Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе