Вести Свет

Русија и Кина остро ги осудија нападите врз Иран

Русија и Кина остро ги осудија американските и израелски воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, нарекувајќи ги дестабилизирачки и опасни по регионалната и глобалната безбедност.

На вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, кинескиот амбасадор повика на итна акција на меѓународната заедница.

„Мора да се зачува правдата и да се преземат конкретни чекори за враќање на мирот и стабилноста,“ рече тој.

Русија исто така ја осуди интервенцијата, оценувајќи ја како еднострана употреба на сила со висок ризик за проширување на конфликтот во поширокиот Блиски Исток.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе