Калин Ивановски ја продолжува победничката низа на ИТФ турнирот во Дубровник што се игра за награден фонд од 25.000 долари.
По вчерашната победа во игра на двојки, најдобриот македонски тенисер се пласираше и во втората рунда во поединечна конкуренција.
Ивановски место во следната фаза обезбеди откако во три сета со 1:6, 6:3 и 6:0 триумфираше над Италијанецот, Матео Донати.
Нашиот тенисер кој е поставен за петти носител во второто коло ќе се соочи со победникот од дуело меѓу Алдин Сеткиќ од БиХ и Црногорецот, Емил Дапчевиќ.
Во конкуренција на двојки Ивановски кој заедно со партнерот Лука Миркут од Хрватска се поставени за четврти фаворити ќе се сретнат со донашната комбинација Марко Баничевиќ – Кристијан Кајго Тумбас.
ФОТО: Игор Паневски