Uncategorized Вести Свет Топ вести

„Џонсон&Џонсон“ се спогоди да плати 8,9 милијарди долари за илјадниците тужби дека бебешката пудра е канцерогена

Компанијата „Џонсон&Џонсон“ се согласи да плати 8,9 милијарди долари за спогодување со десетици илјади тужби во кои се тврди дека талкот во нејзината течна пудра за бебиња и во други производи предизвикува рак. Од „Џонсон&Џонсон“ притоа повторија дека производите од талк се безбедни и оти не предизвикуваат рак.

Адвокатите на компанијата рекоа дека тврдењата за талкот немаат научна вредност и ги обвинија обвинителите дека настојуваат да извлечат голема финансиска корист. Спогодбата следуваше по пресудата на жалбениот суд во јануари со која се поништува контроверзниот стечаен маневар на „Џонсон&Џонсон“, пренесува „Ројтерс“.

Истрагата на „Ројтерс“ од 2018 година откри дека компанијата со децении знаела за тестовите кои покажуваат дека нејзиниот талк понекогаш содржи канцероген азбест, но таквите сознанија ги криела од регулаторите и од јавноста. И тогаш „Џонсон&Џонсон“ соопшти дека детската пудра и другите производи од талк се сигурни, дека не предизвикуваат рак и дека не содржат азбест.

Компанијата во 2020 година објави дека ќе престане со продажба на детската пудра со талк во Канада и во САД поради, како што наведе во соопштението, дезинформации за производот“. Подоцна ја сподели и својата намера за укинување на продажбата и ширум светот во 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Тепачка на малолетниви во Ѓорче – ги снимале па ги објавиле на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе