Данил Медведев стигна до првиот трофеј во Мајами во кариерата, а вкупно четврти сезонава откако во големото финале на мастерс турнирот вечерва во два сета го совлада Јаник Синер.
Рускиот тенисер го победи Италијанецот со 7-5 и 6-3 и ја продолжи својата фантастична форма. Медведев на последните пет турнири освои четири титули и загуби само во финалето на Индијан Велс од Карлос Алкараз, односно има скор од 24 победи и еден пораз.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.