Вести Македонија Најважни

За Пендаровски- невкусно, за функционерите превкусно. Синдикатот пресмета 78% покачување на платите на министрите и пратениците по одлуката на Уставниот суд

Претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

– Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет, изјави за МИА претседателот Пендаровски.

Со одлука на Уставниот суд  на 21 март се укинати член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.139/2014).

Како што информираа од Уставниот суд, со првата укината одредба е утврдено дека основицата за пресметување на плата на избраните и именуваните лица се применува од јануари 2012 година и е во износ од 25.726 денари, додека со втората укината одредба е предвидено дека платите на избраните лица во 2014 година може да се зголемат за 4 отсто започнувајќи со исплатата на платите во 2014 година.

Уставниот суд смета дека во случајот, постои двојство во уредувањето на прашањето за основицата на платата на избраните и именуваните лица, што претставува неконзистентност во законското уредување на оваа материја. Судот утврди дека истовремено постојат две норми, односно две правни правила за утврдување на основицата на платата oпфатени во еден ист закон, односно едното е член 11 од Законот, според кое, основицата се определува според просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика, а второто правило е оспорената одредба од член 4 во кој основицата е утврдена во фиксен износ од 25.726 и која со усогласувањето од 4 отсто (предвидено со второспорената одредба) изнесува 26.755,оо денари што е всушност основица која е моментално во сила односно примена.

Поради наведеното, Судот оцени дека укинатите одредби не се во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кој владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок.

Муцунски: Разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави дека почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донира за хуманитарни цели.

„Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства кој секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми. Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример,“ напиша Муцунски.

На протестот пред влада, што се одржа пред два дена од УПОЗ реагираа дека измените на Законот за плати платите на функционерите ќе се зголемат и двојно.

  • Сакам да укажам дека со укинувањето на членот 4 од Законот за плати и други надоместоци за избраните и именуваните лица во Р. Македонија платите на функционерите ќе се зголемат согласно коефициентот на сложеност на работното место кој ќе се множи сo процентот од просечната плата исплатена на државно ниво. Со оваа измена платите на функционерите ќе се зголемат и двојно, а админстративните службеници треба да бидат задоволни со усогласување на платите со порастот на минималната плата, изјави Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе